Јанис Антетокумбо, Леброн Џејмс и Џејмс Харден, се издвоени како главните фаворити за освојување на наградата – МВП за регуларниот дел на сезоната во кошаркарската НБА лига која полека влегува во завршната фаза.
Доколку признанието заврши во рацете на Леброн Џејмс, тој ќе се израмни со Карим Абдул Џабар, Мајкл Џордан и Бил Расел кои досега по пет пати беа прогласени за најкорисни играчи во најсилната лига на светот.
Поради пандемијата со ковид-19, НБА се определи последниот дел од сезоната да се одигра на една локација и по пат на скратен систем со елиминации.