Фудбалерите на Ривер Плата и Бока Јуниорс денеска од 20.30 на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид, ќе го одиграат реванш мечот од финалето на Копа Либертадорес. Средбата која беше одложена во два наврата поради немири на улиците во Буенос Аирес и напад на автобусот на Бока, со одлука начелниците на федерацијата беше донесена во Европа.
Тоа не им се допадна на челниците на двата тима, но, мораат да ја почитуваат одлуката што значи дека денеска ќе го дознаеме новиот новиот шампион на Јужна Америка. Првата средба заврши нерешено 2:2, но, тоа според правилата нема значење за реваншот бидејќи се вреднува само победата.
За мечот Ривер Плата-Бока Јуниорс се ангажирани повеќе од 5.000 полицијаци. Последните информации велат дека билетите на црниот пазар достигнале сума повисока од 5.000 евра.