Кој ќе ги добие наградите?

0

Агенцијата за млади и спорт заедно со Сојузот на спортските федерации годинава по 62. пат ќе го организираат изборот за Спортист на Македонија за 2016 година. Церемонијата на средбата со новинарите ја најави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

„Крајот на годината традиционално се користи за сумирање на успесите на сите инволвирани во спортот и нивно валоризирање. Од 1954 година до денеска, голем број на спортисти го добиле признанието за сите позначајни остварените резултати на домашната и меѓународната сцена“ изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт.

Во номинирањето и гласањето учествуваа спортските федерации, медиумите и седумте членови на Советот за спорт при АМС. Манифестацијата ќе се одржи на 23 декември (петок) во Македонскиот народен театар во Скопје со почеток во 20 часот.

Share.

Leave A Reply