Со денешните 8 мечеви завршува првата фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Во пресрет на истите, имаме невообичаена слика кога станува збор за патниците во елиминацискиот дел. Имено од 16-ет можни места, останува само едно а за него ќе се борат Шахтјор Донецк и Лион.
Во групата „Е“, Баерн Минхен и Ајакс ќе продолжат напред а Бенфика ќе игра во Лигата на Европа. Еве ги двојките: Ајакс – Баерн (Минхен) Бенфика – АЕК (АТИНА). Во групата „Ф“ покрај мечот Шахтјор-Лион ќе се одигра и средбата меѓу Манчестер Сити и Хофенхајм. Четата на Пеп Гвардиола обезбеди место во осминафиналето. Во групата “Г” јасно е дека Рал Мадрид ќе биде прв а Римјаните ќе завршат на второто место. Единствената интрига е кој меѓу Викторија (Плензен) и ЦСКА (Москва) ќе стигне до третата позиција и ќе продолжи во Лигата на Европа. Од 18.55 ќе играат Реал Мадрид – ЦСКА (Москва) и
Викторија (Плзен) – Рома.
Во групата „Х“ нема да има неизвесност. Јувентус и Манчестер Јунајтед ја остварија првата цел и ќе презимат во Европа. Последното коло треба само да определи кој ќе биде прв а кој втор во групата. Валенсија се квалификуваше за Лига Европа. Валенсија – Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс – Јувентус. Средбите од Лигата на шампионите ќе се следат во специјализирани термини на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.