Кој ќе ни биде противник?

0

Нашите најдобри ракометарки денеска ќе го дознаат противникот во баражот за СП 2017 во Германија. Ждрепката ќе се одржи во Гетеборг.

Директен пласман на СП обезбедуваат домаќинот, актуелниот светски шампион, Норвешка, како и Холандија, Данска и Франција кои ќе се борат за медалите на тековното европско првенство во Шведска.

Македонија успешно ги мина квалификациите реализирани на Фарските Острови и сега ќе игра во последниот елимициски филтер. Бараж средбите ќе се одиграат догодина во јуни  а Светското првенство ќе се одржи во Германија од 1 до 17 декември.

Во елитанат група се ставени: Чешка, Унгарија, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска. Од втората по квалитет група ќе бидат извлечени: Австрија, Белорусија, Хрватска, Италија, Македонија, Полска, Словачка, Турција, Украина

Share.

Leave A Reply