Луѓето од Реал Мадрид не можат да најдат вистинска замена за тренерот, Зинедин Зидан, кој по освојувањето на Лигата на шампионите изненадувачки се повлече од кормилото на европскиот фудбалски шампион.
Досега понудите за соработка ги одбија, селекторот на германската репрезентација Јоаким Лев, младиот тренер на Хофенхајм, Јулијан Нагелсман и стратегот на Јувентус, Масимилијамо Алегри.
На списокот на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и натаму фигурираат имињата на Маурисио Покетино од Тотенхем и на Јирген Клоп од Ливерпул. ајверојатно тоа ќе остане само на хартија бидејќи и двајцата врвни тренери имаат договори со нивните екипи и немаат намера да ја менуваат средината.