Кој со кого во полуфиналето на ЛШ и ЛЕ?

0

Денеска во Нион со ждрепка ќе бидат одредени двојките за полуфиналните пресметки во европските фудбалски купови, Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Европа чека да ги дознае ривалите во полуфиналните пресметки од најсилното натпреварување, ЛШ, каде во полуфиналето влегоа актуелниот првак Реал Мадрид, финалистот Атлетико Мадрид, Јувентус и пријатното изненадување Монако.

“Кралевите” ќе се обиде да станат првиот тим кој успеал да го одбрани шампионскиот пехар, а само уште Јувентус од полуфиналистите има титула во ова натпреварување. Атлетико трипати влегол во финалето, но загуби на сите три пресметки.

Во Нион денеска ќе биде реализирана и ждрепката за Лигата на Европа. Таму во полуфиналето се најдоа екипите на Манчестер Ј., Селта, Ајакс и Лион.

Share.

Leave A Reply