НБА тимот Фенис Санс утрово и официјално го потврди назначувањето на Игор Кокошков за нов тренер на тимот. 46-годишниот стратег кој одамна нема работено во САД, но има американски пасош, ќе стане првиот тренер кој ќе работи во НБА лигата иако не е израснат во САД.
Кокошков е по потекло од Србија, а на 24-годишна возраст стана најмладиот тренер во историјата на југословенската кошарка. Во 1999 година беше поканет на Универзитетот во Мисури, а со Словенија го направи најпријатното изненадување на европското првенство минатата година освојувајќи го златниот медал.