Кокшаров и Стоилов едногласни: Киелце е еден од најнезгодните ривали

0

Ракометарите на Вардар се подготвуваат за дуелот со Киелце во новото коло од Лигата на шампионите, в сабота во Скопје. По тој повод, денеска на прес-конференција, тренерот на тимот Кокшаров зборуваше за очекувањата од дербито со Полјаците.

„Не чека тежок меч. Ја знаете ситуацијата во групата, сите се близу и секоја победа и бод не носат напред, додека секој пораз назад. Ние мислиме само на победа, а мечот ќе покаже што и како ќе биде“, вели Едуард Кокшаров.

Капитенот Стоилов вели дека Киелце е еден од најсилните тимови, против кои е тешко да се игра.

„Не чека тежок меч со Киелце, кој е секогаш незгоден, секогаш играме интересни натпревари со многу борба и тензија, па верувам дека така ќе биде и сега. И тие се во иста ситуација како нас, со многу повредени играчи и лимитирана клупа. Играме пред наша публика, наше е да дадеме се од себе и да победиме.“

Share.

Leave A Reply