Кокшаров: Ова е нашата реалност во моментов

0

Тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров по поразот од Веспрем во Лигата на шампионите беше уште еднаш реален за ситуацијата во која се наоѓа неговата екипа и моменталната сила на тимот, ако се земе предвид дека се има многу главни повредени играчи.

Веспрем вторпат победи против Вардар оваа сезона, а на прес-конференцијата Кокшаров истакна дека се надева дека во 2020 година во продолжението од сезоната ќе има комплетен ростер на располагање.

„Сакам да ѝ честитам на екипата на Веспрем за победата. За жал, ова е нашата реалност. Пред нас е вториот дел од сезоната. Чекаме да ни се вратат повредените играчи, да бидеме комплетни и да бидеме подготвени за напредок во вториот дел на ЛШ“, изјави Кокшаров.

Вардар ја завршува 2019 година на шестото место во групата, а прв предизвик во 2020 година во ЛШ ќе биде гостински натпревар кај лидерот на табелата бундеслигашот Кил.

Share.

Leave A Reply