Поранешниот фудбалски дефанзивец на Арсенал и на Челзи, Ешли Кол, ги коментираше најавите дека Карло Анчелоти може да го преземе кормилото на „топчиите“.
Левиот бек иако го пофали Италијанецот, нагласи, дека претпочита Љунберг да добие перманентен договор. Поранешниот шведски фудбалер кој нема про-лиценца, беше поставен како времено решение по заминувањето Унаи Емери.
„Анчелоти е одличен тренер и претходно направи одлична работа со Челзи. Ми се допадна не само како менаџер, туку и како човек. Од другата страна, Фреди Лунгберг е долго време во клубот и може многу да му даде. Тој е мој пријател и се надевам дека може да ги промени работите“ – изјави Ешли Кол за -„Sky Sports“.