Колашинац се враќа во Германија, сега во дресот на Баер (Л)

0

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Сеад Колашинац и официјално го напушта Арсенал. По три години поминати во Англија, Босанецот реши да с еврати во Германија, каде претходно го носеше дресот на Шалке.

Баер (Л) успеа да го заврши трансферот на 27-годишниот лев бек и Колашинац наскоро ќе биде претставен како нов играч на „фармацевтите“. Арсенал од овој трансфер ќе заработи минимум 11 милиони евра, а постои можност трансферот да биде уште поголем доколку се исполнат одредени бонуси во договорот.

Share.

Leave A Reply