Коман со нов договор со Баерн до 2023 година

0

Фудбалерот на Баерн (М), Кингсли Коман, и официјално потпиша нов договор со германскиот шампион. Според новата соработка, францускиот фудбалер ќе биде обврзан со договор со германскиот гигант до летото 2023 година.

„Имам одлична соработка со соиграчите и тренерот. Тој ми вети дека во новата сезона ќе бидам главен дел од тимот. Настаните почнаа да одат во добра насока и се надевам дека ќе ја искористам мојата шанса. Кога ја чувствувате поддршката нема потреба да менувате. Затоа ми е драго што го продолжив договорот“, изјавил Коман.

Оваа сезона Французинот има 16 настапи за Баерн во Бундеслигата и 2 постигнати гола.

Share.

Leave A Reply