Компани: „До крајот на сезоната нема да видете експерименти од Манчестер Сити“

0

Капитенот на Манчестер Сити Винсент Компани предупреди дека до крајот на сезоната тимот ќе излегува на секој свој натпревар со најсилниот состав, додавајќи дека играчите не треба да мислат премногу за дуелите кои им претстојат.

„Не очекувам дека до крајот на сезоната повторно ќе видиме експериментален Манчестер Сити. Тоа е – единствениот пораз кој можевме да си го дозволиме, да, тоа е факт. Сега најважно е секој пат да се подготвуваме добро, да сме смирени и да го правиме она што знаеме, за да се претставиме најдобро. Можеби е клише ако кажам така, но секој натпревар ќе биде како финале за нас. Но, тоа не значи дека треба да размислуваме премногу за натпреварите. Ќе ги разгледаме силните и слабите страни на противникот и најверојатно ќе направиме една стратегија врз овие фактори. Потоа ќе се увериме дека во на тој ден треба да бидеме како тим, а не како поединци,само така ќе се справиме и ќе играме добро. Тоа е клучот за победите и трофеите. Мислам дека ќе биде грешка ако размислуваме премногу за претстојниот натпревар со Кристал Палас. Ние сме добар тим и се подготвуваме на ниво. Но подготовките остануваат клучни за пристапот за овој натпревар“ изјави Компани.

Share.

Leave A Reply