Комплетиран карате составот на репрезентацијата за ЕП

0

Викендов во Скопје се одржа државното првенство во карате за сениори, во поединечна и во екипна конкуренција, кое практично беше и квалификациски турнир за влез во македонската карате репрезентација која кон крајот на март ќе патува на европското првенство во Гвадалахара, Шпанија.

По одржаните борби беше комплетиран списокот на репрезентативци кои ќе ја преставуваат Македонија на престојниот европски шампионат.

Кати жени

Пуликсенија Јованоска (Фунакоши Гичин)

Кати мажи

Фери Исиќ (Вардар)

Борби (жени)

-50 кг – Сара Радичевска (Макпетрол)

-55 кг – Симона Заборска (Макпетрол)

-61 кг – Наташа Стефановска (Макпетрол)

-68 кг – Моника Стефановска (Макпетрол)

Борби (мажи)

-60 кг – Емил Павлов (Штип)

-67 кг-  Фаик Весели (Олимпик спорт)

-75 кг – Азиз Исмаил (Металург)

-84 кг – Берат Јакупи (Ас и арт)

+84 кг – Жарко Арсовски (Штип)

 

Share.

Leave A Reply