Конечната одлука за одржување на годинешното издание на велосипедската трка „Тур де Франс“ ќе биде донесена до 15 мај.
Ова го изјави Ерик Хоули, претставник на еден од најголемите спонзори на трката – АСО, пред телевизискиот канал РТБФ. Според телевизијата, извршниот директор на „Тур де Франс“ Кристијан Прудом моментно не размислува за ниту една опција во која 23-дневната трка ќе биде одложена или одржана без гледачи заради коронавирусот.
„Ќе мора да работиме брзо, но ако се донесе одлука кон средината на мај, ќе биде можно да се одржи трка“, рече Хоули, додавајќи дека веќе се водат разговори со градоначалниците на градовите каде треба да поминува трката која ќе го има 107-то издание оваа година. Тие остро се спротивставија на одложувањето, бидејќи ова ќе доведе до многу големи финансиски загуби за општините.
„Тур де Франс“ е предвидено да започне на 27 јуни во Ница, а да заврши на 19 јули во Париз.