Конте бара 20 милиони евра од Челзи на суд

0

Поранешниот менаџер на Челзи, Антонио Конте ќе го даде лондонскиот клуб на суд за да си ги наплати парите од договорот кој го имаше со клубот, а кој прерано беше раскинат по отказот кој го доби.

Италијанецот беше ослободен една година пред крајот на договорот и смета дека треба да го добие целосниот износ на договорената плата, додека лондончани очигледно имаат друго мислење.

Неговите адвокати работат веќе со недели на два предмети, кои Челзи не сака да ги прифати. Според некои тврдења Конте сака дополнително обештетување од 8,7 милиони фунти за нанесена штети и плус платата за последната година од договорот во износ од 11,3 милиони евра.

Share.

Leave A Reply