Данскиот фудбалски интернационалец, Кристијан Ериксен, е најновото засилување за тимот на Интер откако првите луѓе на Тотенхем ја прифатиле понудата од 15 милиони евра, плус уште 5 милиони како бонуси.
Тоа значи дека популарните „нероаѕури“ ќе добијат одлично засилување во средниот ред додека „Спарси“ ќе профитираат колку-толку, бидејќи договорот на Ериксен му беше валиден до крајот на јуни.
Според најавата од Италија, новиот играч на „Џузепе Меаца“, ќе добива по 10 милиони евра на сезона со што ќе стане убедливо најплатен играч во клубот.