Конте: „Доколку во Интер не се задоволни, подготвен сум да си одам“

0

Тренерот на Интер Антонио Конте беше задоволен од настапот на неговата екипа на мечот со Торино, пред се во второто полувреме кога направија пресврт. Со оваа победа Интер се најде на втората позиција, но титулата веројатно е далеку од Интер и ќе остане повторно во рацете на Јувентус.

Сепак, нешто што привлече внимание во италијанските медиуми беше изјавата на Конте дека би можел да си замине, доколку Интер смета дека не е задоволен од неговата работа.

„Во Интер дојдов со цел да реализираме тригодишен проект и да го вратам клубот каде што му е местото. Пристигнав со голем ентузијазам и верба, но треба време за се ова да се оствари. Секако дека сум среќен, но истовремено знам дека од мене се очекуваат резултати. Ако раководството е задоволно од мене, не гледам причина да не продолжам тука. Во спротивно, доколку не се задоволни од мојата рабата нема да размислувам и ќе се повлечам“, рече Конте.

После победата над Торино, Интер со 68 бода се искачи на второто место на италијанскиот шампионат, додека Јувентус е лидер со 76 бода.

Share.

Leave A Reply