Конте : ја исполнивме целта

0

Фудбалерите на Челзи доцна синоќа го елиминираа составот на Норвич дури по изведувањето на пеналите откако во регуларниот дел и по 120 минути игра резултатот беше нерешен 1:1. Тренерот на лондончани, Антонио Конте, вели дека е задоволен со пласманот во наредната фаза од ФА Купот.

„Игравме добро, без разлика на измените во составот. Постигнавме еден гол и имавме уште неколку шанси. Мојата идеја беше јасна,  да се пласираме понатаму и да одморам неколку играчи.“ – изјави Конте кој се осврна на црвениот картон кој го заработи Мората.

„Двата жолти картона за Мората беа сомнителни. Сега се отвора проблем во нападот бидејќи Алваро и Педро не може да играат против Брајтон“ – изјави ителијанскиот стратег на клупата на „сините“.

 

Share.

Leave A Reply