Конте ќе го тужи Челзи за предвремениот раскин на договорот

0

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте, нема намера да замине како партал од Лондон. Италијанскиот стратег бил бесен откако од клубот му ја соопштиле информацијата за отказот, а згора на тоа дека нема да му биде исплатен надомест во висина од 11 милиони евра за предвремено раскинување на договорот.

Челзи верува дека не му должи надомест, но тоа не е мислењето на Конте, кој планира да си ги бара парите на суд. Интересно, е што веста за отпуштањето на Конте сé уште не е официјално објавена од клубот.

Share.

Leave A Reply