Конте: „Не е лесно да се освои бод кај Ливерпул“

0

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте остана задоволен од освоениот бод на неговата екипа како гостин на Ливерпул. Италијанецот истакна колку подобро стоел неговиот тим во споредба со натпреварот против истиот ривал во почетокот на сезоната.

„Мислам дека на крајот на натпреварот можевме да победиме. Штета што Диего Коста не постигна гол од пенал, бидејќи тој игра многу добро. Имавме и други шанси, но нерешениот резултат како гостин на Ливерпул не е лош резултат. И двата тима дадоа се од себе си. Задоволен сум бидејќи видов сосема поинаква игра од натпреварот против Ливерпул во почетокот на сезоната, кога изгубивме дома”, изјави Конте.

„Се гледаме само себе, а не колку бодови имаат другите тимови. Одлично е што сме на чело на табелата, но уште поважно е да се концентрираме на следните натпревари. Ни претстои дерби со Арсенал, кој исто така ќе биде многу интересно”, додаде Конте.

Share.

Leave A Reply