Челзи и официјално потведи дека досегашниот менаџер на тимот, Антонио Конте и официјално добива отказ. Веста за првпат беше објавена од Sky Italia, а истото беше потврдено и од водечките медиуми во Велика Британија.
48-годишниот Конте ги предводеше “сините” од Лондон во последните две сезони, а во првата сезона успеа на лондончани да им ја донесе титулата.
Минатата сезона Челзи одигра под очекувањето и остана без настап во Лигата на шампионите. Конте беше во серија скандали со дел од играчите, менаџерите на другите тимови и сопственикот Роман Абрамович.
Во следните неколку дена се зборува дека „сините“ веќе ја одговориле соработката со поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари.