Интер се договорил со Челзи за да го привлечат Виктор Моузес, тврди весникот „Газета дело Спорт“. Тој ќе игра во Интер со позајмица до летото со откупна опција од 10 милиони евра.
Нигериецот веќе една година е дел од Фенербахче, како позајмен играч од Челзи, но неговата позајмица ќе биде раскината. Ова го потврди менаџерот Френк Лампард.
„Моузес се врати во Лондон со идеја да биде префрлен во друг клуб. Преговорите во моментов се во тек“, рече Лампард.
Моузес е фаворит на Антонио Конте, затоа што во неговата ера на „Стемфорд Бриџ“ беше многу важен на крилната позиција, па се очекува да има значајна улога и во Интер на оваа позиција.