Конте сака да остане фокусиран само на теренот

0

Тренерот на Интер, Антонио Конте, по вчерашната победа на дербито со Аталанта и понатаму не сака да размислува за Скудетото иако неговиот тим се наоѓа на лидерската позиција на табелата.

„Направивме значајна победа. Успеавме да освоме три бода против одличен тим, кој според мене има квалитет да се бори за титулата“- вели Конте.

„Точно е дека упативме само еден удар, но, имавме неколку добри шанси. За жал, не ги искористивме“ – потенцираше тренерот на „нероаѕурите“.

Share.

Leave A Reply