Во пресрет на новата кошаркарска сезона во Македонија која треба да стартува на 3 октомври откриени се двајца заболени од Ковид-19 во редовите на Работнички.
Аналогно на тоа одложен е пријателскиот меч со Вардар. Се работи за плејмејкерот од Соединетите Американски Држави, Демиер Питс кој неодамна го продолжи договорот со клубот.
Деновиве ќе има групно тестирање во таборот на скопјани како и во екипите на Куманово и ТФТ кои одиграа контролни натпревари против Работнички.