Проблемот со ширењето на коронавирусот сериозно и се заканува и на новата сезона во Формула 1. На неколку недели до првата трка во Австралија, вестите за состојбата со вирусот кој го зафати светот носат страв од евентуално откажување на бројни трки од календарот за 2020 година.
Голем број претставници на тимовите во Формула 1, како и некои претставници на автодромите стравуваат дека сезоната може да започне многу подоцна од планираното.
Претставникот на Виетнамското ГП истакна дека доколку ситуацијата се влоши, првата трка во историјата на Ф1 фазата во Ханој ќе мора да биде откажана.
„Ако во март ситуацијата се влоши, можеби ќе мора да ја откажеме трката. Не можам да кажам со апсолутна сигурност дека годинава ќе го добиеме првото Гран-при “, вели тој.