Корвер се доближи до Топ 3 кај тројкашите во НБА

0

Кајл Корвер од екипата на Кливленд се проби на четвртото место на вечната листа за погодени тројки во кошаркарската НБА лига.

Искусниот играч на ноќешниот меч со Минесота успеа да погоди пет пати од осум обиди со што стигна до вкупно 2.148 тројки. 36-годишниот играч токму со тој ефект го спушти Пол Пирс на петтата позиција во рангирањето.

Сега на листата пред Корвер остануваат само Џејсон Тери со 2.244 тројки, Реџи Милер со 2.560 и Реј Ален со 2.973.

 

Share.

Leave A Reply