Косгеј и Кипчоген се главните фаворити за наградата на ИААФ

0

Светската рекордерка во маратон, Бриџид Косгеј, ја предводи групата од пет атлетичарки кои конкурираат за Награда за спортист на годината, објави Меѓународната атлетска федерација – ИААФ.

Таа во претходниот месец го комплетираше маратонот во Чикаго за 2 часа, 14 минути и 4 секунди со што за 1 минута и 24 секунди го подобри светскиот рекорд на Британката, Паула Редклиф, поставен во 2003 година. Главна конкурентка на  Косјаг за наградата на ИААФ ќе и биде Далаила Мухамед од САД, која годинава го подобри светски рекорд на патеката од 400 метри со пречки.

Што се однесува до машкиот дел од атлетиката, Кениецот Елих Кипчоген, ќе има жестока конкуренција во имињата на Сем Кендрикс, Ноа Лилс, Џошуа Чептеј и Карстен Ворхолм. Добитниците на наградата (мажи-жени) ќе бидaт објавени на 23 ноември во Монако.

Share.

Leave A Reply