Нашите најдобри кошаркари денеска ги очекува мечот од второто коло во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
По стартниот пораз дома од Естонија, избраниците на селекторот Александар Тодоров, попладнево од 16.00 часот ќе се појавата на теренот на Русија. „Зборнаја“ во првиот меч исто така остана со празни раце на гостувањето кај Италија која патем кажано е еден од ко-организаторите на Континенталниот собир.
Русите за денешниот меч ќе ги имаат на располагање крилото на Зенит, Владислав Трушкин и крилниот центар на ЦСКА од Москва, Џоел Боломбој, кои не стапија на првиот меч против „аѕурите“.