Кошаркар на Орландо Меџик ново засилување за МЗТ Скопје А.

0

Американскиот кошаркар Хасани Гравет (24 год, 188 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со аеродромци.

Станува збор за одличен плејмејкер, кој лани во август потпиша договор со НБА-екипата на Орландо меџик, за која, сепак, не заигра, со оглед што беше префрлен во филијалата на овој тим во Џи-лигата, Лејкленд меџик. Во втората по квалитет професионална лига во САД, Гравет просечно реализираше 11,7 поени со 4,1 скок и 3,4 асистенции.

Гравет е второто странско засилување за МЗТ Скопје А. во пресрет на новата сезона, по продолжувањето на договорот со Феми Олуџоби.

Share.

Leave A Reply