Кошаркарите ги чекаат нови предизвици

0

Македонската кошаркарска репрезентација денеска и официјално стартува со подготовките за квалификациските дуели против Естонија на домашен терен (20.02) и против Русија на гости три дена подоцна. Селекторот, Александар Тодоров,  нагласи дека го има оптималниот состав.

„Нема да има молење за игра, кој сака е тука. Јас сум задоволен и пресреќен што само добив еден негативен одговор . Да се подготвиме добро за дуелот со Естонија, да го дочекаме тој меч оптимално здрави“ – вели Тодоров.

Капитенот, Војдан Стојановски, очекува добар почеток на квалификациите. „Имаме доволно време да се подготвиме за првиот натпревар со Естонија, што е многу значaен за нас. Како капитен посакувам да бидеме здрави, да се подготвиме добро и да одиграме добар натпревар со Естонците“, истакна Стојановски.

„Како федерација сме фокусирани на натпреварот со Естонија, тоа е прв меч за отворање на квалификацииte, по квалитет сме малку подобри од нив и имаме реални шанси да го добиеме натпреварот. Со тоа би се создала позитивна атмосфера за натамошниот дел од квалификациите“ изјави Гечевски.

Share.

Leave A Reply