Кошаркарите ги добија термините за турнирот во Талин

0

Нашата сениорска кошаркарска репрезентација ја чека квалификацискиот турнир за ЕП 2022 година кој ќе биде реализиран во периодот од 28. до 30. ноември во Талин.

Денес ФИБА ги одреди термините на одигрување на натпреварите од „Б“ групата во т.н. „балон“ во главниот град на Естонија.

Првиот натпревар на собирот во Талин, против селекцијата на Италија, избраниците на селекторот Александар Тодоров ќе го одиграат од 16.00 часот на 28.ноември. Вториот меч од првиот натпреварувачки ден е закажан за 20.30 часот, а ќе играат селекциите на Естонија и на Русија.

На вториот натпреварувачки ден од турнирот (30.ноември) кој ќе се игра во Арената „Саку Сурхал“, нашите кошаркари ќе играат домаќинот Естонија. Таа средба е предвидена да започне од 20.30 часот. Неколку часа порано, од 16.00 часот, ќе играат селекциите на Русија и Италија.

Share.

Leave A Reply