Претставниците на кошаркарските и ракометните клубови од нашава земја кои се дел од второлигашките конкуренции, денеска на заеднички состанок, најавија, дека ќе ги бојкотираат активностите на спортските терени додека не се реши проблемот со вредносните ваучери кои ги доделува Агенцијата за млади и спорт.
Дарко Петровски претставникот на ракометарите, нагласи, дека уште од февруари им било ветено дека ќе ги добијат ваучерите од АМС додека Благоја Кечовски кој ги претставуваше кошаркарите, потенцираше дека многу наши репрезентативци настапуваат во второлигашката конкуренција и во младинските лиги и дека не треба да бидат потценети.
Петровски и Кечовски апелираа побрзо да се реши проблемот со вредносниот ваучер за да можат и нисколигашите да ги надминат финансиските проблеми кои ги притискаат.