Кошаркарите ја добија премијата од 750.000 денари за пласман во квалификациите

0

Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) ја исплати премијата во висина од 750.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот во квалификациите за ЕП 2021 година.

Управниот Одбор на КФСМ, одлучи:

„Да се исплати премија на сениорската машка репрезентација во вкупен нето износ од 750.000 денари, за остварен пласман во квалификациите за Европско првенство 2021, како први во група со кош разлика“.

„Во оваа прилика, КФСМ сака да ја информира јавноста дека, средствата утврдени за премии, ветени од страна на претходното раководство на федерацијата, се реализирани од страна на новиот раководен тим на КФСМ. Финансиските надоместоци веќе се префрлени на сметките на кошаркарите кои на Македонија и донесоа учество во квалификацискиот циклус на едно големо натпреварување, преку кое очекуваме враќање на македонската репрезентативна кошарка онаму каде што и е местото, на горните позиции.  Во исто време се надеваме дека ова ќе биде само еден дополнителен стимул на членовите на нашиот национален тим, пред почетокот на квалификациите за Евробаскетот 2021 година“ се вели во информацијата објавена од страна на КФСМ.

Share.

Leave A Reply