Кошаркарите по еден ден пауза се враќаат на активностите на ЕП

0

Денеска во арената во Истанбул ќе стартува 1 /4- финалната фаза на европското првенство во кошарка. По еден ден одмор, најдобрите осум репрезентации меѓу кои се издвојуваат досега непобедените Словенија и Шпанија, ќе се обидат да го продолжат патот кон европскиот врв.

Во 17.45 часот селекцијата на Германија ќе игра против „црвената фурија“ која се наметнува како главен фаворит за златото додека од 20.30 часот Словенија ќе излезе на мегдан со Летонија Победниците од споменатите два меча ќе се сретнат во полу-финалето.

За утре во Турција се закажани и последните два меча од тековната елиминациска фаза. Грција од 17.45 часот ќе игра против Русија додека во вечерниот термин од 20.45 часот селекцијата на Србија ќе ги одмери силите со Италија. Подобрите од двете средби по два дена одмор, ќе ги вкрстат копјата во полу-финалето.

Share.

Leave A Reply