Кошаркарите стартуваат вечерва против Словачка

0

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација по вторпат оваа календарска година ќе игра против селекцијата на Словачка. Овој пат селекторот Јорданчо Давитков со друга задача, тргнаа во поход кон победа во првиот натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Во јули оваа година нашите кошаркари одиграа две средби со словачката репрезентација. Тогаш имавме еден пораз, а вториот натпревар не го доигравме поради нееднаков аршин на судиските арбитри, па средбата беше прекината. Вечерва се надеваме дека Македонија ќе оствари добар резултат во овој меч кој е прв за нашата нашата селекција во овие претквалификации. Селекторот Давитков уште на самиот старт има многу проблеми со повредите на неколку играчи.

„За овој претквалификациски циклус можам да кажам дека се може да се очекува. Составот е тој ако се изземат несреќните повреди на Чековски, Трајковски и најновата на Костоски. Репрезентацијата е подмладена со играчи кои ќе бидат идните лидери на оваа селекција. Словачка ни е сериозен противник, со двајца Американци. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто што го можеме. Во секој случај ќе имаме поголеми проблеми со надворешните линии, имаат двајца Американци кои се одлични шутери, со нивните високи играчи – и не толку. Не гледам некој посебен психолошки притисок, Словачка во февруари треба да дојде во Скопје. Ќе видиме, притисокот повеќе треба да биде кај нив. Ние ќе се обидеме да изиграме и да го извадимте најдобро од нас“ истакна селекторот Давитков пред оваа средба која се игра денес.

Натпреварот Словачка – Македонија се игра вечерва од 18 часот во градот Попрад, а ќе можете да го следите низ нашата програма со сите информации и промени на резултатот.

Share.

Leave A Reply