Македонските најдобри кошаркари славеа на теренот на Косово со 76 спрема 73 и ги освоија првите бодови во втората елиминациска фаза на патот кон Евро-шампионатот во 2021 година.
Ниту пеколната атмосфера што ја направија околу 3000 фанови на домаќините не ги спречи избраниците на Давитков да останат со мирна рака и кога беше најпотребно да ја задржат предноста. Нашиот центар, Бојан Трајковски реализираше 17 поени, Дамјан Стојановски застана на 15 а Стојан Ѓуроски заврши со 14. Хендрикс оствари дабл-дабл ефект од 10 поени и 12 скокови.
Македонија вториот дуел ќе го одигра в недела во СЦ Борис Трајковски против селекцијата на Романија.Средбата ќе започне во 18.15 минути.