Кошаркарите во февруари во Русија во продолжение на квалификациите за ЕП 2022

0

Бордот на ФИБА Европа ја информираше Македонската кошаркарска федерација дека вториот квалификациски турнир од „Б“ групата за пласман на Евробаскетот 2022 година ќе се игра во Перм. Улога на домаќин да биде на Руската кошаркарска федерација.

Според одлуката на Бордот на ФИБА Европа, натпреварите ќе се одржат во периодот од 19. до 21. февруари, 2021 година, во Арената „Молотов“ во Перм.

Согласно со првичниот календар за натпреварување во групата „Б“, на 19. февруари треба да се играат натпреварите Македонија-Русија, односно Италија-Естонија. На 21. февруари пак се закажани мечевите Македонија–Италија, односно Русија-Естонија.

Share.

Leave A Reply