Во текот на денов во просториите на МКФ беше составен натпреварувачкиот календар за новата сезона во кошаркарското првенство кое ќе започне на 6 октомври со учество на вкупно 11 клуба.
Откако сите прволигаши дадоа согласност тимот на Шкупи сепак да биде вклучен во натпреварувањето иако не ги подмири навреме обврските за котизација, чаирчани ќе бидат слободни во првото коло за да имаат повеќе време да да го комплетираат ростерот.
На стартот на првенството ќе го имаме и првото дерби меѓу Блокотехна и МЗТ Скопје а уште ќе играат и Охрид – Работнички, Вардар – Куманово, Гостивар – Кожув и Пелистер – Фени индустри