Кошаркарското „чудо“ од дете очекува повеќе пари од „Најк“

0

Младиот кошаркар од Словенија, Лука Дончич, има намера да склучи нов побогат договор со „Најк“ откако претходниот му завршил во понеделникот.

Играчот на Далас кој во претходната сезона во НБА ја доби наградата за најдобар  дебитант, сака да си обезбеди нов договор со „Најк“  кој ќе биде валиден пет години и ќе му донесе сума од 100 милиони долари.

„Да, ми истече договорот со Најк, сега сум слободен агент. Ќе видиме што ќе се случи“ – изјави младиот играч кој со одличните партии во дресот на Далас стана миленик на навивачите.

Share.

Leave A Reply