Кошарката ќе заживее во Општина Ѓорче Петров

0

Денеска беше промовиран новиот кошаркарски состав, ТНТ Ѓорче Петров, кој гравитира во истоимената Општина. Потпретседателот на клубот, Вања Наумовски, потенцираше дека од септември или во новата напреварувачка сезона, клубот ќе се појави во третата лига и ќе биде дел и од младинските категории.


„Нашата цел е да играме во групата М-18 и да бидеме дел од третата лига. Се надевам дека ќе успееме да се наметнеме посебно кај помладите и дека ќе имаме многу членови. Планираме прво да започнеме со селективни тренинзи и да го видиме квалитетот на нашите кошаркари. Ќе треба да се оформи главниот костур и да ги издвоиме тие што ќе играат во првиот тим“ – изјави потпретседателот на кошаркарскиот состав ТНТ  Ѓорче Петров, Вања Наумовски.

На промоцијата присуствуваше и градоначланикот на општината ЃП, Александар Наумовски, кој потенцираше дека е задоволен што токму таа ќе може да помогне во функционирањето на кошаркарскиот состав кој ќе треба да се наметне во мак-баскетот.

Share.

Leave A Reply