Коста ќе плати само парична казна и нема да оди во затвор

0

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста, избегна затворска казна поради даночна измама и ќе плати само парична санкција. Тој денеска се појави на суд во Мадрид за да го ратификува договорот постигнат во случајот на даночна измама.

Обвинителите бараа затворска казна во траење од шест месеци и парична казна од 507.208 евра за измама на шпанската држава од 2014 година. Според судскиот запис објавен минатиот месец, Коста (31) не пријавил исплати од 5.150.622 евра од неговиот трансфер во 2014 година од Атлетико во Челзи во неговата даночна пријава, како и повеќе од еден милион евра од имиџ права.

Во согласност со шпанскиот закон кој дозволува парични казни за ненасилни кривични дела под две години затвор. Коста се согласи да плати дополнителна казна од 36.500 евра на веќе постоечката од 507.208 евра за да избегне затворска казна.

Share.

Leave A Reply