Костариканецот сака да го напушти Сантијаго Бернабе“

0

Голманот на фудбалскиот тим Реал Мадрид, Кејлор Навас кој го загуби првотимскиот статус по доаѓањето на Тибо Курто, најавил, дека сака да го напушти тимот во јануарскиот трансфер период.

Весникот „АС“ објави дека интернационалецотод Костарика побарал од неговите агенти да му обезбедат клуб од Премиер лигата. Во информацијата се потенцира дека челниците на „кралевите“ ќе му дозволат на Навас да си замине бидејќи покрај искусниот Куртоа, на голманската позицијата го имаат и младиот Андреј Лунин кој се гледа како голема перспектива.

Навас во ерата на Зидан беше еден од најстандардните првотимци кои успеаа во три врзани сезони да ја освојат Лигата на шампионите.

 

Share.

Leave A Reply