Костески: „Се надеваме дека ќе се вртаиме на победите“

0

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата од три порази по ред со побдата синоќа против Младост Богданци, а сега ги очекува гостување кај Татран Прешов во СЕХА лигата.

Без тренерот Жељко Бабиќ, кој и понатаму е во изолација поради коронавирус, тимот предводен од Божидар Мојсов, уште рано изутрина тргнаа на пат за Словачка, каде утре од 17.45 часот ќе одигра против Татран.

„Минуваме низ тежок период, играме доста натпревари и густ е распоредот. Многу патуваме, па мора да играме и не е лесно. Сега се натпреваруваме и во Купот на Македонија и во плеј-офот. Се подготвуваме и знаеме каков состав има Татран Прешов. Со било каков состав да патуваме верувам дека ќе извојуваме победа и ќе го надминеме овој тежок период во кој врзавме три порази. Верувам дека ќе почнеме позитивна серија и ќе се издигнеме. Очекуваме дека Татран ја анализирал нашата игра, играат на домашен терен и ќе ни се спротистават. Не смееме да потфрлиме и верувам дека ќе се вратиме со победа“, рече Ненад Костески.

Ова е претпоследен натпревар на битолчани во групната фаза на СЕХА лигата и четвртфиналето е на дофат. Последниот натпревар е на домашен терен против ППД Загреб на 13 април.

Share.

Leave A Reply