Костов имаше блескава партија

0

Играчот на Работнички, Чавдар Костов, сосема ја доби наградата за „најкорисен играч“ на завршниот дел од кошаркарскиот Куп на Македонија. Неговиот тим денеска во финалето во Гевгелија славеше против Блокотехна и успеа по десетти пат да се израдува на големиот пехар.

„Мислам дека беше добар меч на задоволство на гледачите. Во третиот период не се знаеше кој ќе биде победникот, но, на крајот ние го освоивме Купот“ – вели бугарскиот интернационалец.

„Сега продолжуваме во првенството иако сме многу изморени. Ќе се обидеме да ја освоиме титулата“ – потенцираше Костов откако ја прими наградата –„МВП“.

 

 

Share.

Leave A Reply