Ковач останува, но неговиот помошник си оди од Минхен

0

Нико Ковач ќе остане на кормилото на Баерн (М) и следната сезона, но неговиот помошник Патрик Херман ќе го напушти Баерн. Веста официјално беше потврдена од извршниот директор Карл-Хајнц Румениге.

Според некои вести во Германија, Херман може да стане спортски директор на Нирнберг. Тој веќе бил во составот на Нирнберг во сезоната 2008/09, но како помошник тренер, а сега има конкретна понуда да ја преземе директорската позиција.

Тренерот Нико Ковач ја доби поддршката од Румениге и Ули Хенес, па и двајцата по куп финалето потврдија дека Хрватот останува во Минхен и за следната сезона.

Share.

Leave A Reply