„Кралевите“ десеткувани ќе патуваат кај Мајорка

0

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе мора да искористи повеќе од помладите играчи за гостувањето кај Мајорка во 9 коло во Примера Дивизион откако дел од првотимците ја пополнија клупската болница.

Герет Бејл и Лука Модриќ се повредија на дуелот меѓу Велс и Хрватска а надвор од стројот се и Лукас Васкез, Тони Крос и Начо додека под знак прашалник е настапот на Тибо Куртоа и Рафаел Варан. Од претходно се зане дека во процес на рехабилитација се Марко Асенсио, Марсело и Менди.

„Кралевите“ во пресрет на новата рунда во Примера Дивизион се на првото место на табелата со два бода повеќе од Барселона.

 

Share.

Leave A Reply