„Кралот“ е реален во проценките

0

Леброн Џејмс кој во текот на летото се пресели во екипата на Лос Анџелес Лејкерс знае дека неговиот нов состав прво го очекува жестока битка за влез во финалето во конференцијата а дури потоа ќе може да размислува и за титулата во НБА лигата.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата кој осум години во континуитет дел од решавачките мечеви за шампионскиот прстен во најсилната светска лига, свесно не го стави неговиот тим меѓу фаворитите во новата сезона.

„Има многу конкуренти за титулата, но, може да има само еден шампион. Тоа е Голден Стејт. Тука се секако и Бостон, Филаделфија, Хјустон, Оклахома и Торонто кои ќе се борат за титулата“ – потенцирал Џејмс.

 

Share.

Leave A Reply