Леброн Џејмс и официјално е нов кошаркар на ЛА Лејкерс со тоа што се обврза на четиригодишна верност со „Езерџиите“ , а за овој договор ќе добие 154 милиони долари. Поранешниот кошаркар на Кливленд Кавалирс минатата сезона во регуларниот дел имаше индикатор од 27,5 поени, 8,6 скока и 9,1 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот беше уште подобар со 34 поени, 9 асистенции и 9,1 скока по натпревар.
„Ова е голем ден за Лејкерси и за нивните навивачи од целиот свет, бидејќи во нашиот тим дојде играч кој во иднина сигурно ќе придонесе „езерџиите“ повторно да се вратат на самиот врв. Тој е најдобар играч на светот и вистински лидер“, изјави Меџик Џонсон, легендата на ЛА Лејкерс.
Леброн Џејмс во неговата кариера бил дел од девет финалиња од НБА лигата, од нив успеал да победи само во три. Последниот негов шампионски прстен е во 2016 година, кога со екипата на Кливленд во финалето го совладаа Голден Стејт. 33-годишниот Леброн во својата кариера го носел дресот само на два клуба, Мајами и Кливленд, а со селекцијата на САД има освоено две олимписки злата во 2008 и 2012 година.